Последната промена е направена на:
19 септември 2018 во 09:53 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Панел дискусија - Друштва за осигурување, перспективи на бизнисот и импликации на македонскиот пазар на капитал
Сабота, 01 Мај 2010 00:00

Во периодот од 29 април до 1 маj, во Охрид беше одржана 11-та конференција на Македонската берза. На овој настан присуствуваа голем број учесници, професионалци и експерти од финансиската индустрија од земјата и странство, при што преку дебатирање и панел дискусии се разменуваа мислења и се  споделуваа искуства. Оваа Конференција беше исклучителна можност да се запознаат најновите трендови и мислења поврзани со финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност.

IMG_7799_cr1Низ организирани дебати се направи обид да се препознаат  Македонските економски предизвици,  Меѓународните и регионалните економски предизвици, да се  дефинира местото и  перспективите на друштвата за осигурување чија улога е од исклучителна важност за понатамошен развој на финансиките пазари.

На оваа Конференција учество зеде и Агенцијата за супервизија на осигурување како независен регулаторен орган надлежен за пазарот на осигурување во Република Македонија. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата, г. Климе Попоски заедно со претставници од друштвата за осигурување, дадоа свој придонес во панелот посветен на осигурителниот бизнис и импликациите на македонскиот пазар на капитал.
 
Дебата “Развојот на осигурувањето во глобални рамки“
Четврток, 29 Април 2010 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување на 29.04.2010 (четврток) беше домаќин на Австриското регулаторно тело за финансиски пазар претставувано од страна на г. Питер Браумулер како директор на секторот за осигурителна и пензиска супервизија, а воедно и претседавач на...
Повеќе...
 
Склучен Меморандум за соработка со Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (AFSA)
Понеделник, 19 Април 2010 00:00
На  19 април 2009 година, беше организирана  церемонијална средба во просториите на Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (AFSA),  со цел потпишување на меморандум за соработка меѓу AFSA и Агенцијата за супервизија на осигурување на...
Повеќе...
 
Склучен Меморандум за соработка со Комисија за хартии од вредност
Среда, 07 Април 2010 00:00
На 7 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност. Овој документ е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката на двете институциии во областите кои се предмет на заеднички...
Повеќе...
 
Склучен Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурвање на Црна Гора
Среда, 21 Април 2010 00:00
На 21 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурвање на Црна Гора. Овој документ е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката на двата регулаторни органи во...
Повеќе...
 
Деловна средба со Македонското актуарско здружение “Актуар”
Петок, 16 Април 2010 00:00
На 16 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување одржа деловна средба со Македонското актуарско здружение “Актуар”. На средбата присуствуваа Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата,  г. Климе Попоски и актуарите во својство на членови на...
Повеќе...
 
Склучен Меморандум за соработка со Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризам
Среда, 07 Април 2010 00:00
На 7 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување потпиша Меморандум за соработка со Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Овој документ е во функција на зајакнување на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во...
Повеќе...
 
« ПочетокПред212223СледноКрај »

Страница 22 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување