Последната промена е направена на:
10 декември 2018 во 11:04 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
АСО објавува конкурс
Петок, 15 Април 2011 19:35
Агенција за супервизија на осигурување
Република Македонија
К О Н К У Р С
за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со
ризици и осигурување во Република Македонија за 2011 година
  
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2011 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, кое ги содржи следните основни делови:
- апстракт;
- осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
- опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст. Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски јазик.
Еден автор има право да поднесе само еден труд.
На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2011 година.     При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку 3 (три) истражувачки труда кои ги исполнуваат наведените услови.
Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2011 година“ по електронски пат, на адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои тројца се надворешни членови. Претседателот и членовите на Комисијата ги назначува Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување со одлука која ќе се објави на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Краен рок за доставување на трудовите е 31.08.2011 година.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 01.11.2011 година, по повод денот на основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
 
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Комисијата за супервизија на осигурување од Романија
Петок, 08 Април 2011 12:21
На ден 21 февруари, 2011 година двете регулаторни тела, Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија и Комисијата за супервизија на осигурување на Романија, потпишаа Меморандум за соработка. Овој Меморандум претставува основа и отвара простор за понатамошна...
Повеќе...
 
Соопштение
Понеделник, 21 Февруари 2011 16:20
Сите кандидати што го немаат положено испитот за осигурителен брокер и застапник во осигурувањето  на 09.02.2010 година имаат право на увид на тестот на:

28.02.2011 година од 10 - 12 часот во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување, ул. Васил главинов бр.12, ТЦЦ Плаза...
Повеќе...
 
Издадена нова дозвола за вршење работи на осигурување на живот
Понеделник, 27 Декември 2010 15:21
Агенцијата за супервизија на осигурување издаде нова дозвола за вршење работи на осигурување на живот-основано ново друштво за осигурување

 

Врз основа на одредбите од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија бр. 27/2002, 84/2002, 98/2002...
Повеќе...
 
Организиран дводневен семинар со тема “Управување со ризици кај претпријатијата”
Среда, 01 Декември 2010 13:05
   Во интерес на пратење на современите трендови во управувањето со ризиците, Агенцијата за супервизија организираше дводневен семинар со тема “Управување со ризици кај претпријатијата” - An Overview of Enterprise Risk Management (ERM). Семинарот се одржа на 24ти и 25ти ноември, од 09 до 13...
Повеќе...
 
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување
Вторник, 22 Февруари 2011 11:47
   Со цел ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на капацитетите на супервизијата преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана...
Повеќе...
 
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната Банка
Четврток, 20 Јануари 2011 10:15
 

На ден 18 јануари, 2011 година Агенцијата за супервизија на осигурување ја продлабочи соработката со Народната Банка, со потпишување на Меморандум за соработка.

Овој Меморандум претставува добра основа и отвара простор за понатамошна успешна соработка меѓу двете...
Повеќе...
 
Потпишан меморандум за соработка меѓу АСО и МАПАС
Вторник, 21 Декември 2010 09:33
На 14 декември 2010 година, Агенцијата за супервизиуја на осигурување (АСО) и Агенцијата за супервизија на капитално финанасираното пензиско осигурување (МАПАС) потпишаа Меморандум за соработкиа.
Меморандумот како еден вид законска рамка го уредува начинот на соработка...
Повеќе...
 
Одржана работна средба на тема "Практичната примена на Европскиот извештај за сообраќајни незгоди во РМ"
Вторник, 23 Ноември 2010 15:41
На иницијатива на Агенцијата за супервизија на осигурување, на ден 22 ноември, 2010 година во седиштето на Агенцијата, се оддржа работна средба на тема “Примената на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди во Република Македонија”.

 

На средбата присуствуваа...
Повеќе...
 
« ПочетокПред111213141516171819СледноКрај »

Страница 16 од 19

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување