Последната промена е направена на:
19 септември 2018 во 09:53 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Објавен редовниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето
Среда, 19 Септември 2018 09:33

Денес, Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО), Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија (НБРМ), го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето – 1 ноември. Трите институции коишто заеднички учествуваат во Координациското тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација, со овој конкурс имаат за цел да ja поттикнат креативноста, имагинацијата, како и критичкото размислување на учениците при создавањето творби на темите штедење и осигурување. Овие институции на овој начин ќе придонесат за натамошно интересирање и едуцирање на младата популација за овие два клучни сегмента во финансиската сфера.

Крајниот рок за доставување на творбите е 15 октомври 2018 година.

Пристигнатите творби ќе ги разгледуваат и ќе ги оценуваат комисии формирани од претставници на трите институции коишто го распишаа конкурсот. Списокот на наградените ученици, датумот и локацијата на доделувањето на наградите ќе бидат објавени најдоцна до 31 октомври 2018 година, на интернет-страниците на трите институции.

НБРМ, Министерството за финансии и АСО се надеваат дека и оваа година, конкурсот ќе предизвика голем интерес меѓу учениците од основните и средните училишта во Република Македонија и дека дополнително ќе го стимулира стекнувањето и развивањето на навиките за штедење, а воедно ќе придонесе и за подобра упатеност во можностите коишто ги дава осигурувањето. Трите институции ќе продолжат со активностите преку кои ќе се обидуваат да придонесат за соодветно финансиско едуцирање на новите генерации, со што ќе се овозможи зголемување на финансиската писменост на населението во Република Македонија и во иднина.

КОНКУРС

 

 
С О О П Ш Т Е Н И Е
Понеделник, 17 Септември 2018 08:00
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во септемвриската...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е
Среда, 05 Септември 2018 11:27
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување објавено на ден 31.8.2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 5.9.2018 година (12 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
Петок, 31 Август 2018 09:12
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).

 

Обуката за застапник  во времетраење...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е
Четврток, 06 Септември 2018 13:48
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи објавено на ден 31.8.2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 6.9.2018 година (14 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Петок, 31 Август 2018 09:14
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

 

Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни...
Повеќе...
 
Склучен меморандум за соработка помеѓу регулаторните тела за супервизија на осигурување на Македонија и Турција
Вторник, 03 Јули 2018 00:00
На свечена церемонија во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на 2 јули, претседателот на Советот на експерти г. Климе Попоски ,и заменик претседателот на Регулаторното тело за супервизија на осигурување на Турција (Undersecretariat of treasury), г. Ахмет Генк...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 1 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување